петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Бизнис / Македонија

Комерцијална вест
ProdamSam.com иницираше сектор за инвеститори

ProdamSam.com, водечки портал за непосредно објавување недвижности од страна на сопственици којшто делува на подрачјето на Источна и Југоисточна Европа, иницираше Сектор за инвеститори.

Во овој оддел, инвеститорите можат да креираат свои страници на ProdamSam.com, преку коишто можат на јавноста да и ја претстават својата целосна понуда на недвижности.


„Инвеститорите имаат можност да ги уредуваат своите проекти и огласи, како и да го следат бројот на посети на секој оглас поединечно на ProdamSam.com, што го прави Секторот за инвеститори моќна алатка за маркетинг“, вели м-р Душан Благање, дипл. инж. арх, директор на компанијата ProdamSam.com.

Концептот на порталот ProdamSam.com, Продажба без посредник, им овозможува на поединците и инвеститорите да купуваат и да продаваат недвижности без посредник, со што се надминуваат тековните проблеми на пазарот на недвижности. Некои од предностите на овој пристап се заштеда на пари за провизија и добивање комплетни информации за понудата на пазарот, по пат на централизиран извор на информации.

ProdamSam.com содржи информации за недвижности од 15 земји во Европа и покрива пазар од 180 милиони жители. Сајтот е промовиран на 13 јазици ширум светот.

ProdamSam.com ги нуди своите услуги во Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Полска, Украина, Белорусија, Бугарија, Црна Гора, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија, Унгарија, а во план е и понатамошно проширување.

Сајтот е достапен на сите локални јазици, на англиски и на руски јазик, а наскоро ќе биде достапен и на германски јазик.

„Обединувањето на Европа овозможи постоење на еден ваков портал којшто на свој начин ја обединува Европа – покривајќи цели региони, па дури и цел континент“, објаснува д-р Владимир Познаниќ, поранешен член на управата на „Делоит Централ Јуроп“.

Покрај тоа што поединците и инвеститорите можат да ги објавуваат своите недвижности, порталот им овозможува и на давателите на услуги поврзани со недвижности да објавуваат информации за своето работење.

Архитектите, декораторите, инженерите, адвокатите, осигурителните работници, финансиските советници, набавувачите, претприемачите и сите останати набавувачи на услуги имаат единствена можност да се претстават на своите потенцијални клиенти преку Секторот за даватели на услуги.



ProdamSam.com е многу повеќе од форум за објавување огласи за недвижности“ – тој е единствен сеопфатен извор на информации за недвижности“, додава Благање.

Сектор за инвеститори на ProdamSam.com им овозможува на инвеститорите да ја искористат во целост предноста на концептот „продажба без посредник“, како и да допрат до пошироката популација.

(Скопје, март, 2010 година)

ProdamSam.com
Зихерлова 2
1000 Љубљана, СЛОВЕНИЈА
http://www.ProdamSam.com
е-пошта: info@ProdamSam.com

Лице за контакт: Јака Благање на + 386-59-042-042 или Салко Кријешторац на +1-917-306-3854

ProdamSam.com е водечка Интернет-страница за непосредно објавување недвижности врз основа на продавач – купувач без посредник во Источна и Јужно-централна Европа.

Името ProdamSam.com е заштитена трговска марка на ЕУ (ТМ).

Името Prodam Sam во превод е многу слично на изразот „Недвижности без посредник“ на руски, чешки, (босански/хрватски/српски јазик) и словенечки јазик. На другите словенски јазици, името значи исто, но само со мали варијации во преводот.




Фото експрес
Наjновo од Бизнис
Груевски: Реформите во екомоската сфера даваат резултати
Околу 40.000 работни места на полицијата во Англија и во Велс пред укинување
Македонската туристичка понуда презентирана пред новинари од Чешка и Финска
Безбедноста e една од темите на расправа на конференцијата за гостопримство и туризам
Се бара пролонгирање на рокот за примена на законот за домување
Македонија станува сериозен кандидат за вклучување во пазарот на Европската унија
Во Скопје поставен камен-темелник за изградба на нов комерцијално-деловен објект
ВМРО-ДПМНЕ: Владата постојано ги унапредува социјалните права и заштита
Усвоена Стратегијата за обновливи извори енергија
Премиерот Груевски на камен-темелник за изградба на комерцијални станови
Почнуваат Охридските денови на гостопримството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи