петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Бизнис / Свет

Папандреу бара од САД да ги запрат шпекулативните трансакции на финансискиот пазар

Лондон, 9 март (МИА) - Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара од САД да помогнат во запирањето на шпекулативните трансакции на меѓународниот финансиски пазар, кои според него се виновни за „влошувањето на должничката криза“ во неговата земја, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во интервју за Би-Би-Си-Америка, Папандреу објасни дека би сакал американските власти да воведат строги прописи за регулирање на работата на хеџ фондовите и на трговците со девизи.

Грчката Влада веќе воведе низа остри мерки за зауздување на буџетската потрошувачка и на огромниот внатрешен долг, кој изнесува 12,7 отсто од бруто домашниот производ на земјата, што е повеќе од четири пати од максимално дозволеното ниво во еврозоната.

- Разни шпекуланти заработуваат секој ден милијарди, купувајќи го и препродавајќи го грчкиот долг, рече Папандреу за Би-Би-Си.

Тој од своите европски сојузници во ЕУ и во зоната на еврото бара да и помогнат на Грција да дојде до поевтини позајмици на меѓународните финансиски пазари, во обид да се ефектуираат мерките што ги донесе неговата Влада и кои веќе наидуваат на остро противење во грчката јавност.

Сегашниот огромен внатрешен долг и создава на Грција проблеми и на светскиот пазар на парите, затоа што кредитите за земјата сега се многу поскапи, отколку прано.

Папандреу допатува во Вашингтон во официјална посета на САД и вчера се сретна со државниот секретар Хилари Клинтон, а денеска ќе има средба и со претседателот Барак Обама.



Фото експрес
Наjновo од Бизнис
Јавна расправа по предлог законите за државна помош и за заштита на конкуренцијата
Чешки новинари од 3 до 8 септември во посета на Македонија со цел да се запознаат со туристичките потенцијали
Обама ги продолжи за една година трговските санкции ко Куба
Електронска распределба на 60 станови за млади брачни парови
ЕУ го заострува надзорот врз банките
Словачката премиерка е за банкрот на презадолжени држави
На Комисијата за транспорт и врски амандманска расправа за измените на Законот за градење
Најавен штрајк на новинарите и техничарите во Би-Би-Си поради незадоволството од новата пензиска шема
Пад на невработеноста во Франција втор квартал по ред
БДП во ЕУ и еврозоната во второто тромесечие е зголемен за 1,9 отсто на годишно ниво
ММФ: Поголем број од богатите земји се доближуваат до границата на задолженост
Раст на цената на храната поради сушата во Русија
„Ферари“ гo повлекува моделот „458-Италија“
ММФ очекува азиската економија до 2015 година да ги достигне САД и Европа
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи