
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|
 |
Вести / Македонија
|
|
„Гомора“ на Роберто Савијано во македoнски превод од денеска во Клубот Матица
Скопје, 11 декември (МИА) - Македонското издание на „Гомора“ од италијанскиот автор Роберто Савијано од денеска е во продажба во Клубот Матица.
Станува збор за дело кое го разобличува делувањето на неаполската мафија како клан на „Камората“. По објавувањето делото на авторот му донесе светска слава и углед, но и смртни закани од неаполската мафија. Книгата е книжевна -„бомба“, смета и италијанскиот премиер и сопственик на италијанската издавачка компанија „Мондадори“ Силвио Берлускони.
Гомора е објавена во 42 земји и преведена е на 40 јазици. Продадена е во милионски тиражи низ целиот свет. Добитник е на многу италијански и европски награди за литература. Според Гомора снимен е филм, кој оваа година освои Гран-при на Канскиот фестивал и е еден од најсериозните кандидати за „Оскарот“.
Роберто Савијано има 29 години. Роден е во Неапол, по образование е филозоф, а работи како самостоен новинар и писател. Од објавувањето на Гомора живее под 24-часовно полициско обезбедување.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
|