Според податоците за минатата година, Call of Duty е најпродаваната игра. Продадени се повеќе од 7 милиони примероци од нејзиното прво претставување во ноември 2007 година.
Меѓу најпродаваните е и третата верзија на Halo. Од Microsoft изјавуваат дека Halo 3 заработила 170 милиони долари само во првите 24 часа. Оваа игра го постави рекордот за најголема заработка во првите 24 часа на еден производ за забава. Со ова го сруши рекордот кој го држеше филмот Spiderman 3.
И Microsoft призна дека Call of Duty: Modern Warfare го надминал Halo 3 како најпопуларна игра на xbox Live според корисниците. Дoстигнувањето е уште позначајно поради фактот што Call of Duty беше презентирана во јавноста за прв пат 6 недели после Halo 3.
„Многу сме возбудени поради оваа победа, особено кога имаше толку силна конкуренција во 2007 година“ изјавуваат творците на Call of Duty 4. Играта е достапна за PC, PlayStation 3 и xbox 360.
Играта ги следи приказните на американските и британските „специјалци“ во Русија и Средниот Исток и ја доби престижната награда во индустријата на видео игри "Best Action game".
{ИР}