Western Digital на својата официјална страна претстави серија на се уште тајни, полесни екстерни хард дискови под називот My Passport Essential. Хард дисковите, кои за поврзување со компјутерите користат USB 2.0 имаат димензии 15 x 126 x 79 милиметри и се околу 100 грама тешки.
На дискот се наоѓа и WD Sync кој има за задача едноставна синхронизација на податоците со компјутерот, поседува заштита на податоците по пат на 128-битни енкрипции, како и сет на прединсталациски софтвер на Google (Desktop Search, Picassa и Google Toolbar).
My Passport Essential ќе биде достапен во три големини 160, 250 и 320 GB, а според најавите појавувањето на пазарот е закажано за 6-ти февруари.
{Д.Т}