Hewlett Packard ја претстави новата серија на лаптопови Pavillion dv2800t Artist Edition.
HP наведува дека името на серијата е тесно поврзан си фактот дека овој модел пред се е наменет за младите. Моделот го карактеризира 14,1 инчен wide екран, најнов Intel Centrino Core 2 Duo Penryn процесор.
Останатите спецификации на лаптопот вклучуваат nVidia GeForce 8400M GS графика со 128MB меморија до 4GB RAM, како и хард диск со капацитет од 250GB. Исто така, од спецификацијата се издвојува DVD снимачот или HD DVD ром, Intel Pro/Wireless 4965AGN конекција со Bluetooth конекција како и вградена веб-камера.