сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Футурама / Интернет & IT

Шведска - царство на видео игрите

Во Шведска има се поголем број луѓе, воодушевени од видео игрите. Не е ни чудо, бидејќи земјата со либералните закони и населението кое е технички потковано, се развива во центар на индустријата со компјутерски игри.

Компјутерската игра „Џаст коз“ е татковина на тајниот агент Рико Родригез. Неговата мисија е „банана републиката“ Сан Есперито да ја ослободи од нејзиниот диктатор. Летаат тупаници, пукаат пушки, се активираат бомби. Креаторот на играта, Швеѓанецот Линус Бломберг ги објаснува мотивите за нејзиното создавање:

„Играта е сатира на актуелната американска политика. Диктаторот има два простодушни сина, а во неа има и многу паралели со настаните во Ирак. Но, тука се е толку преувеличено така што не може да се земе в предвид сериозно.“

Блумберг има триесет и пет години. Пред пет години ја основаше фирмата Аваланш. Таа во меѓувреме стана една од најголемите производители на компјутерски игри во Европа. Во една напуштена зграда во населбата Содермалм во центарот на Стокхолм се произведуваат компјутерските игри. Таму седат 150 луѓе, програмери, графичари, експерти за звучни ефекти и сценаристи.

„Целта е да се обединат креативните идеи и техничките можности. Во просек 60 до 70 луѓе се занимаваат со развој на игра во период од две години. Вакво производство може да чини 15 до 20 милиони евра, а при тоа не сите компјутерски игри се успешни на пазарот“.

„Исплатливо хоби“

Блумберг се наоѓа во срцето на фирмата: во одделот за тестирање. Тука се проверуваат сите етапи од играта - Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Виртуелна реалност дали графиката некаде се изместува или поради оптовареност паѓа компјутерскиот систем. Блумберг и самиот тестира игри и тоа веќе подолго време.

„Брат ми и јас детството го поминавме во темна соба пред компјутер. Алкохолот и девојките ги оставивме на страна. Родителите не ни беа многу воодушевени, но сега гледаат дека нашето хоби било едукативно и корисно за иднината“.

Во Шведска има многу млади луѓе како Блумберг кои се воодушевени од компјутерите. Многумина своето хоби го претвориле во работа. Забележан е огромен пораст во браншата на компјутерски игри, и наскоро ова може да стане и најпрофитабилен бизнис. Талентирани информатичари, медиумски техничари и дизајнери на игри често се ангажираат уште додека се на факултет.

Јонкопинг центар на „лан забавите“

Во јужниот град Јонкопинг редовно се одржува компјутерскиот фестивал „Дримхак“. Тука заинтересираните за компјутрерски игри може сосема опуштено да уживаат во своето хоби. Во пригушено светло, пред неколку илјади монитори седат „играчите“. На долгите редици маси се испреплетени илјадници компјутерски кабли. Опуштен, со слушалки на ушите, Маик Улмер со виртуелното оружје ги гаѓа спротивните Аватари - виртуелни личности.

„Ова е Воркрафт три, стратегиска игра во која треба да изградите бази и оттаму да ги испратите војничките трупи во напад. Треба да се победи противникот. Интересно е што во заднина слушате како некој скока. Додека играш не се чуствуваш сам како на интеренет. Овде навистина имаш чуство дека си во средиштето на настаните.“

Насилните игри штетни за психата на младите

И во Шведска се дебатира за последиците од насилни игри со убивање, врз психата на младите. Иако за разлика од Германија, компјутерските игри во Шведска се сметаат за вистински друштвени игри.

Последната студија вели дека една четвртина од младите меѓу 13 и 20 години секој ден играат игри на компјутер. Според експертите, засега нема примери на поврзаност меѓу реалното и виртуелното насилство. Основачот на Аваланш, Линус Блумберг има разбирање за дебатата којашто се води во Германија.„И во мојата младост имаше видеа кои предизвикуваа загриженост кај луѓето, ако на пример премногу го гледавме Рамбо. Возбудата одамна попушти и денеска ретко кој е воодушевен од насилство“.

Со игри за приказни и светови од фантазијата, Аваланш сака да освои нова целна група - на пример жени и постари луѓе. Но, додека тоа да се оствари тајниот агент Рико Родригез продолжува со мисијата. Истовремено касата на производителот на видео игри се полни.


Наjновo од Футурама
Летачки аларм
Зошто медот се лепи на лажицата
HP 2133 XP доби цена
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Модерен моноцикл
EVO PC
HDD Crusher – хакерска радост
Microsoft ја повлече понудата за Yahoo!
Тастатурата повалкана од ВЦ шолјата
Area-51 m17x лаптоп за гејмери
„Јаху“ не одговори на понудата од „Мајкрософт“
Шведска - царство на видео игрите
Панталони со тастатура
Happy Hour by MaxADSL
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи