Футурама / Интернет & IT
Area-51 m17x лаптоп за гејмери
Во предходните години, производите на Alienware не беа некое посебно изненадување. И покрај тоа, нешто добро излезе од истиот производител.
Новиот лаптоп со ознаката “Area-51 m17x“ е гејмерско чудовиште. Овој 17-инчен ѕвер од лаптоп има своја веб страна преку која може да се набавува од денес.

Под пластиките се наоѓа поголем избор на Core 2 Duo процесори, твин GPU, WUXGA (1,920х1,200) дисплеј, максимум 4GB DDR2 RAM, DVD режач или Blu-ray (по избор), прилично многу портови за излез и USB направи како и батерија со 12 ќелии.
За жал цената на ова моделче почнува од 2.949 долари и лесно може да ја премине границата од 5.000 долари ако се опуштите при изборот на додатоци.
(Б.Т)
|