Футурама / Интернет & IT
HP 2133 XP доби цена
HP Mini-Note 2133, со својата конфигурација базирана на Windows XP, ќе се појави на пазарот следната недела, а неговата првична цена протече низ медиумите.
Ако бројките се точни, основната верзија со 1.2GHz процесор,1GB RAM и 120GB простор на хард дискот ќе чини 729 долари, додека верзијата со 1.6GHz, 2GB RAM и 160GB HDD треба да чини 819 долари.
Овие бројки не се 100% сигурни, но и да се, како што оди трендот на опаѓање на цените на технологијата, така и цената на HP 2133 XP ќе се менува.
Вредносните информации се наменети за американскиот пазар. Која цена ќе ја достигне овој модел во Македонија можеме само да претпоставиме (700-750 евра за послабиот и 780-820 евра за поскапиот модел).
(Б.Т)
|