Microsoft најави дека продажбата на Windows XP ќе продолжи до 2010, а како причина за ваквата одлука се најновите евтини лаптоп компјутери, за кои произведувачите веќе најавија дека ќе работат на Linux, бидејќи Vista-та е премногу скапа и „претешка“. Asus Eeee PC започна да се продава со инсталиран Linux, а по најавата на произведувачот на лаптопот дека наскоро ќе лансира слични производи, Microsoft по се изгледа реши да попушти.
Истовремено, голем број на корисници се противат на идејата за преминување на проблематичната и „тешка“ Vista, поради што постоеја бројни петиции за спас на XP, а јавна тајна е дека Microsoft веќе одамна забрзано работи на развој на Windows 7, чиј датум на излегување се повеќе се наближува.
Доколку Windows 7, како што е најавено, излезе во 2010, а Windows XP да престане да се продава истата година, тоа е уште еден доказ дека Vista-та лошо помина. Ова се повеќе потсетува на ситуацијата кога двете верзии на Windows ME/2000, не успеаја да го заменат Windows 98, кој успеа да ги надживее и двата и активно се користеше се до појавата на XP.
(Д.Т)