Google интерактивно креира favicons

Google веќе е толку моќен и распространет, што дури и најмалите ситници кои ќе ги направи на интренет се шират како „breaking news".

Станува збор за промена на иконата која се прикажува во favorites (favicon), мала икона која се јавува во вашиот браузер веднаш од URL или во листата на bookmarks секој пат кога ќе ја посетите страницата на Google.

Причината за ваквата промена, која доаѓа по цели 8,5 години е во обидот на компанијата да го прилагоди ова иконче за платформите кои ги користат мобилните телефони.

„Сакавме да направиме сет на икони кои се подобро забележливи и видливи во некои нови платформи како што се онаа на iPhone и на некои други мобилни телефони. Новата „ favicon“ е само една од новата група на икони, базирани на лого, кои се поставени заедно, но се уште се недовршени“, се вели во соопштението од компанијата.

Во оптек биле околу 300 икони со нивни пермутации, поради што изборот на соодветната икона бил многу потежок.

„Беше многу потешко отколку што мислевме. Сакавме да направиме препознатлив и забележлив „favicon“, па затоа се одлучивме за тренспарентност и полутранспарентност. На тој начин сликата ќе има позабележлив облик. Сакавме нешто што ќе вклучува колоритноста на логото, а сепак нема да биде симбол кој ќе значи Google, па затоа се одлучивме да си играме со буквите кои веќе се наоѓаат во името“, се вели во соопштението.

Она што сега може да се забележи како „favicon“, според компанијата, е само прв чекор кон серијата унифицирани икони кои Google ќе ги произведе. Со цел да постигне поголема интеракција со своите корисници, компанијата ги повикува да се вклучат во процесот на креирање на новите икони и да дадат свои идеи и замисли, кои можеби нив не им паднале на памет, а би биле одлично решение.

(Д.Т)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...