Компанијата Voodoo PC, произведувач на ексклузивни компјутери за гејмери, сега во сопственост на HP), најави нов десктоп компјутер и интересен лаптоп, кои ќе се најдат во продажба веќе следниот месец.
Лаптопот го носи називот Envy 133 е наменет за деловните корисници, а треба да претставува конкуренција на MacBook Air и Lenovo ThinkPad X300. Понудени се процесорите Core 2 Duo SP7700 (1,8 GHz) и SP7500 (1,6 GHz), и двата со 4 MB L2 cache и 800-мегахерциен FSB. Чиповите наводно се со иста модифицирана изведба како Core 2 Duo процесорите кои се вградени во MacBook Air.
Лаптопот е потенок од Air (куќиштето од карбонатни влакна е дебело 0,7 инча), но го има истиот 13,3-инчен WXGA екран со LED осветлување и интегрирана графичка карта X3100. Доаѓа во комплет со 80-гигабајтен класичен хард диск, но и со 64-гигабајтен SSD.
Гејмерскиот десктоп компјутер Voodoo Omen поседува одлично дизајнирано куќиште од брусен алуминиум, со вграден 7-инчен LCD, заедно со засега најсилниот достапен хардвер. Процесорите се Core 2 Extreme QX9770 (3,2 GHz) или QX9650 (3,0 GHz), до 8 GB Corsair DDR3 меморија на 1600 MHz како и сите опции на сегашните и најавените Nvidiа SLI и ATI CrossFire графички конфигурации. Освен класичните дискови (до 3 TB капацитет), може да се вградат и шест 64-гигабајтни SLC SSD дискови Samsung со вкупен капацитет од 384 GB.
Компјутерите се достапни во куќишта во различни бои и детали, а цената останува адекватно висока. Почетната цена на Envy се движи од 2.100 американски долари, а Omen од 6.500 па се до 20.000 долари, колку што чини најопремената изведба.
(Д.Т)