четврток, 19.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Интернет & IT

Базените мета на интернет „падобранци“

Група млади Британци ги користеле сајтовите за дружење за да им упаднат во базените на луѓе!

Интернет „падобранците“ го користеле програмот „Google Earth“ за да ја одредат метата, односно базенот на некоја луксузна куќа која има ниско ниво на обезбедување. На нивна среќа, а за несреќа на сопствениците на базените, програмот нуди мапа кој ги прикажува и најситните детали.
Откако ќе ја изберат локацијата, организаторите праќале „покани“ преку сајтовите за дружење како што се „Facebook“, „MySpace„ или „Bebo“.

Во последните неколку недели, британската полиција добила повеќе пријави од сопственици на куќи кои сред ноќ забележале група на млади луѓе како се бања во нивниот двор, или пак си ги нашле базените полни со конзерви пиво и отпушоци.

Организаторите на поканите наведуваат дека посетителите задолжително треба да се маскирани и оти е пожелно со себе да понесат велосипед за да можат  побргу да побегнат во случај сопствениците на куќата да ги откријат на нивниот имот.

„Им советуваме на сопствениците на базени да ги отворат сите четири очи поради ваквите упади. Исто така, ја потсетуваме јавноста дека користењето на туѓ базен без дозвола е упад на имот, и повлекува кривични последици“, соопшти британската полиција.

Групата која го организирала упадот во Борнмут минатиот понеделник на „Facebook“ поставила мапа на местото, времето на „забавата“ (од полноќ до три часот наутро), како и телефонски броеви од главните актери. Иако само 16 посетители го потврдиле доаѓањето, поканите се пратени на повеќе од 500 интернет адреси.

Сајтовите за дружење се најдоа на мета на осуди, бидејќи честопати приватните покани се  за семејни прослави или забави кои се „хакувани“, па наивните домаќини неретко се соочувале со толпа непознати тинејџери.

Минатиот месец, 16-тиот роденден на девојка од Марбел бил мета на „падобранци“. Десетина од нив упаднале на забавата во вилата вредна шест милиони евра!

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Базените мета на интернет „падобранци“
Остануваат уште 10 мисии
Sony Ericsson C905 8.1MP Cybershot
Интернет телевизијата погледана од стандардната
Робот за осамени мажи
Освежете го изгледот на вашиот Windows XP
За првпат набљудувано раѓање на супернова
Mozilla спремна за војна со Firefox 3
Интернет сервис за превод на Браево писмо
Стигнува Envy 133 - потенок од MacBook Air
15 години WWW
Google интерактивно креира favicons
Vista-та претешка и прескапа - XP до 2010
Топ 5 анти-вируси
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи