понеделник, 23.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Интернет & IT

Тастатура отпорна на бактерии

Здравствените власти потрошија милион долари за најновото оружје против супербактеријата – компјутерска тастатура „отпорна на инфекции“.

Експертите од лондонската универзитетска болница развиле тастатура која многу полесно ќе може да се чисти, за разлика од останатите со конвенционален дизајн. Новата тастатура исто така поседува аларм кој ќе ве предупреди кога е време да ја исчистите.

Рамната силиконска тастатура, која е лесно свитлива би требало да ги намали трошоците на националните здравствени служби за околу 10 отсто, со оглед на тоа што ќе придонесе за намалување на бројот на стафилококите болести кои многу често се последица на нечистите тастатури.

Микробиологот др. Питер Вилсон, кој помогнал при развивањето на тастатурата, минатиот месец открил дека обичната тастатурата е пет пати повалкана од даската на веце шолјата. Брисовите земени од канцелариските и болничките тастатури покажале дека бројот на бактериите е за 150 пати над дозволеното ниво.

„Без разлика дали некој во вашата канцеларија е настинат или има стомачен вирус, поголема е веројатноста да ја фатите болеста од тастатурата на која работите, отколку од болниот колега“, вели професорот.

Британските здравствени власти минатата година потрошија 1,6 милијарди во борбата против супербактеријата.

Медицинските лица започнаа со акција на редовно миење на рацете пред прегледот на секој пациент, но бактеријата продолжуваше да се шири бидејќи лекарите во меѓувреме допирајќи ја тастатурата ја фаќале бактеријата и несвесно ја пренесувале на друга површина.

Др. Вилсон вели новиот пронајдок особено ќе им помогне на медицинските лица кои работат со пациенти и компјутери.

„Сосема е разбирливо да ги миете рацете меѓу два прегледа, но не и меѓу користење на тастатура и преглед на пациент“, вели Вилсон и истакнува дека тастатурите во болниците преставуваат најголема закана бидејќи се своевидни легла за бактерии, а не може да се измијат со вода или други видови на течности.

Новиот тип на тастатура има скриени сензори, кои се така поставени што не може да се оштетат кога тастатурата се дезинфицира со алкохол. Секоја тастатура има вградено светло кое се активира на секои три или 12 часа од користење на уредот. Тастатурата е прекриена со хипоалергенски материјал кој не дозволува развој на бактерии.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Тастатура отпорна на бактерии
Успешно лекување на меланом со клонирани клетки
Рекорд на загинати од торнадо
НАСА тестира роботи за враќање на Месечината
Yahoo! со два нови e-mail домеина – „Ymail“ и „Rocketmail“
Женските шимпанза се промискуитетни
LCD Vs Плазма телевизори
Базените мета на интернет „падобранци“
Интернет телевизијата погледана од стандардната
Освежете го изгледот на вашиот Windows XP
Mozilla спремна за војна со Firefox 3
Интернет сервис за превод на Браево писмо
Стигнува Envy 133 - потенок од MacBook Air
15 години WWW
Google интерактивно креира favicons
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи