
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Бугарија и Русија бараат кирилични домеини
После Русија, и Бугарија се приклучува кон барањето за регистрација на интернет адреси на кирилица.
Бугарската владина агенција за информатички технологии и комуникации соопшти дека ваквото барање веќе го доставила до интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN). Бугарија, која засега е единствената земја која официјално побарала спроведување на ваквата идеја, сака нејзиниот домеин да биде .bg, но испишано со кирилица.

Ваквата постапка на Бугарија следи само неколку недели по изјавата на рускиот претседател Димитри Медведев дека сака да и се доделат интернет домеини со кирилично писмо. Причината за ваквото барање на Русија е загриженоста за постепеното губење на важноста на рускиот јазик во земјите од поранешниот Советски сојуз, односно се поголемото влијание на англискиот јазик.
Медведев истакна дека 300 милиони луѓе ширум светот ги користат руските медиуми и оти користењето на кирилицата е од особено значење во процесот на подигање на важноста на рускиот јазик. Во моментов руските интернет страници се испишани со латиница, а адресите им завршуваат со суфиксот „.ru“ или во некои случаи со „.su“, што претставува доменското име кое е наследено од Советскиот сојуз.
Експертите велат дека Русија сака нејзиното домеинско име да биде „.рф“, што би требало да означува Руска федерација.
Софија минатата година ја убеди ЕУ да го прифати нејзиното барање да го користи називот „евро“ за европската валута, што е одговара на кириличното фонетско писмо.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|