петок, 22.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Мажите послободни на интернет

Една од најновите студии на Northwestern универзитетот, открива дека мажите се повеќе склони кон споделување на својата работа преку интернет, отколку жените, и покрај фактот што инволвираноста во креативни активности е на исто ниво кај мажите и жените.

Скоро две третини од мажите кажале дека ја објавуваат својата работа на интернет, додека само една половина од жените го прави истото. Кога Естер Харгитаи, професор на студиите по комуникација на Northwestern универзитетот и Џина Валејко, ја истражиле креативната работа на мажите и жените откриле дека нивните дела се застапени во скоро ист процент.

Харгитаи и Валејко открија дека мажите два пати повеќе објавувале музика кои сами ја создале или пак ремикси на песни, како и сопствени видеа и филмови, за разлика од жените кои се порезервирани во поглед на прикажување на нивните дигитални записи.

Како што денес размената на информации преку интернет, стана еден вид форма на учество во јавната култура и еден вид допринос за јавните дискусии, очигледно е дека доминацијата на мажите е диспропорционална, " вели Естер Харгитаи. "Ова покажува дека интернетот не е еднакво место за мажите и жените, бидејќи оние кои објавуваат повеќе, ги зголемуваат содржините на веб сајтовите," додава таа.

Најверојатно тоа се должи на недоволното познавање на жените за објавување  податоци на интернет или пак дека жените не знаат како да ги искористат сите можности на компјутерот.

"И покрај тоа што креаитвниот потенцијал е еднакво распределен меѓу мажите и жените, размената на таквите содржини не е во иста пропорција" вели Харгитаи.

"Многу од почетните истражувања се однесуваа на можноста да се поседува дигитална технологија и пристапот што луѓето од различни земји го имаат до таквата опрема," вели Харгитаи.

Во нивното собирање информации за објавувањето на податоци, без разлика дали на интернет или надвор од веб рамките, истражувачите открија дека во просек двајца од тројца мажи и две од три жени се посветени на креативно пишување, уметнички фотографии, музички спотови и различни видеа.

Не е изненадувачки фактот што личните статии се најзастапени на интернет, бидејќи тоа е најлесно да се објави на интернет преку различни начини. После пишувањето, најзастапени се видеата. "Сајтовите за размена на видеа како што е YouTube, им овозможуваат на луѓето полесно да ги објават нивните видео материјали," вели таа.


Оваа студија била спроведена на 1.060 студенти од универзитетот во Илиноис, Чикаго, кои според U.S. News & World Report, важи за еден од универзитетите каде има студенти од најразлични етнички групи. Истражувачите не забележале скоро никаква разлика во навиките за објавување содржини на интернет меѓу различните расни и етнички групи.

Проектот на Northwestern за користењето на интернетот исто така посветил внимание и на тоа како разликите во вештините за работење со интернет, влијаат врз однесувањето на корисниците на веб услугите и како младите сепак имаат некаква бенефиција од времето потрошено во користење дигитални медиуми.

(Т.Ј)


Наjновo од Футурама
Крв од матични клетки
Новите iPhone апарати самозапаливи
Нервозни родители – хиперактивни деца
Лагата се препознава во очите
„Prison Break“ и во светот на игрите
IdeaPad U8 од Lenovo
„Мртвите зони“ закана за морскиот свет
Стилизиран мини компјутер
Fujitsu LifeBook U2010
102-годишна баба член на Facebook
Studie VZ - успешна интернет платформа
Заштитата на Vista неефикасна
Нова генерација на ботнет спам филтри
Електронски читач на книги од Sony
Откријте ја музиката низ игра
Препратени мејлови со сексуална содржина
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи