
|
 |
Футурама / Интернет & IT
SMPlayer екстра плеер
Замислете мултимедијален плеер кој работи на сите оперативни системи. Дами и господа, ви го претставуваме SMPlayer. Станува збор за релативно нов плеер кој не би требало да ве остави на цедило, и би требало да ви ги отвори сите мултимедијални формати. Особено важен факт е дека програмот не бара дополнителни кодеци, а нуди поддршка за повеќето мултимедијални формати, како што се avi, mkv, ogm, mpeg, vob, 3gp, asf, mov, wmv, mp3, ogg. Исто така програмот ви дозволува репродуцирање на DVD филмови и Интернет стриминг. Совршено!
 Специјалност на SMPlayer е да ги подджува сите формати на титлови, кои секако можете да ги обоите, да им ја менувате големината и стилот. Една од интересните особини на SMPlayer е што програмот памети каде сте застанале со гледањето на вашиот омилен divX наслов, и после повторното пуштање ви дава можност да ја продолжите репродукцијата од каде што сте застанале. Програмот нуди и поддршка за над 20 јазика.
 Интерфејсот на програмот е со класичен тон, па така и снаоѓањето во самиот програм е многу едноставно и пред се прегледно.
 Програмот, кој е брз и стабилен, има поддршка за Windows и Linux оперативни системи, а без проблем работи и на Windows Vista!
Доколку само неколку дена се подружите со овој мал програм, верувајте дека ќе го засакате и нема да го менувате.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|