Футурама / Интернет & IT
„Мачо“ лаптоп

Јапонската компанија Panasonic го претстави UMPC Toughbook компјутерот под називот CF-U1.
Лаптопот е базиран на Intel Atom процесорот, поседува екран од 5.6 инча, QWERTY тастатура и голем број на приклучоци.
Тоа што го издвојува од другите лаптоп компјутери со слични карактеристики е токму неговата неверојатно голема издржливост. Panasonic CF-U1 може да издржи пад од 1,2 метра височина, како и гребаници, потопување со вода, други типови на „незгоди“
Овој лаптоп има димензии од 184 x 151 x 57 милиметри, а батериите кои ги користи ќе ви овозможат 10-часовна непрекината работа.
|