
|
 |
Футурама / Интернет & IT
„иБеј“ ќе плати отштета од 38,8 милиони евра
Американскиот интернет сајт „иБеј“ ќе мора да и плати отштета на француската модна куќа „Луј Витон“ поради ставање на лицитација на фалсификувани производи под марките кои и припаѓаат на оваа модна куќа, објавено е денеска во Париз.
 Францускиот суд му изрече на „иБеј“ рекордна парична казна од 38,8 милиони евра, која мора веднаш да ја плати. Казната ќе мора да биде платена поради овозможување на продажба на лажни „Луј Витон“ чанти, облека „Кристијан Диор кутир“ и кармини „Герлен“.
Меѓутоа, „иБеј“ смета дека судската одлука е целосно неоснована и планира на таквото решение да поднесе жалба.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|