Футурама / Интернет & IT
Слики наместо сложени лозинки
За најновите мобилни телефони и рачни компјутери, развиен е нов софтвер за користење слики како безбедносни кодови, наместо бројки и букви.
Оваа идеја може да биде проширена и на други полиња, каде што сликата би била посигурна од текстуалните password - и, што ќе биде и потешко за пробивање.

Др.Џеф Јан, од училиштето за компјутерска наука, вели: "Во денешно време сме обврзани да знаеме напамет многу password - и и пинови, кои лесно може да се откријат. Со оваа нова софистицирана технологија, password - ите се полесни за паметење и потешко можат да бидат откриени од хакерите. "
"Истражувањата покажаа дека на луѓето им е полесно да меморираат слики, отколку броеви и букви. Исто така овој систем е илјада пати посигурен отколку оној кај нормалните password - и"-додава тој.
"Графичките password - и" се цртаат над позадината, која може да биде слика на цвеќе, мапа, карти за играње или небо. Компјутерот ги меморира движењата на оптичкиот молив врз сликата и знае точно во кој дел од позадината е започнато со цртање.
Системот им овозможува на корисниците да креираат password - и кои се многу посложени од традиционалните нумерички или алфабетски верзии. Иако почетното креирање ќе бара од корисниците поголем напор при создавањето на password - от, нивната понатамошна употреба е едноставна и брза. Изборот на соодветна позадина е многу битен за заштита на password - от, затоа што во спротивно би било лесно за откривање.
"На летната изложба за наука во Лондон, која започнува на 3 јули, на публиката ќе и овозможиме да го види и проба овој нов систем, за кој сметаме дека ќе стане дел од секојдневниот живот за неколку години"-вели Др.Јан.
(Т.Ј)
|