среда, 09.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Интернет & IT

Нов тренд - Интернет дрогирање

На Интернет од неодамна можат да се пронајдат страници со програмчиња кои стимулираат состојба предизвикана од консумирање на дрога. Една од нив е I-Doser на која може да се најдат најразлични „дози“ на програми кои предизвикуваат ефекти слични на дрогата или пак го ублажуваат мамурлакот или мигрената.

Најбарани се пејотл, марихуаната, трио, екстрази, Ел-Ес-Ди и оргазам. Првата консумација е бесплатна, додека следните чинат околу четири долари.


Поради се поголемата побарувачка, со текот на времето понудата се проширила, па сега на располагање се и дозите за смирување на анксиозност, како и оние за постигнување на „спиритуално задоволство кои предизвикува луцидни сништа и вонтелесно искуство’. Таквите, сепак се значително поскапи, па затоа за некои од нив треба да се издвои и до 200 американски долари. За овие скапи дози велат дека создаваат чувство како „како да сте допрени од Божјата рака“.

Сајбер дрогата всушност се звуци кои се емитуваат на фреквенции од 3 до 30 Hz. Тие делуваат селективно врз мозочните центри, а секоја предизвикана состојба трае од половина час со педесет минути.

Овој нов тренд на сајбер дрогирање неодамна ја зафати Шпанија, а значително се прошири и во Италија.

Полицијата се уште не знае како да се однесува кон овој феномен. Делумна причина за тоа е што овие тврдења за сајбер дрогата се уште не се научно докажани. Научниците се скептични за дејството на сјабер дрогата бидејќи веќе подолго време работат на создавање на вештачки мозочни бранови и се уште не гледаат начин на кој звукот би можел да изврши физичка стимулација каква што предизвикуваат дрогите.

Според некои експерти позитивното искуство веројатно се плацебо ефект и автосугестија. Тие сметаат дека овој тренд наскоро ќе мине.

На форумите на интернет можете да најдете најразлични искуства од сајбер дрогата, додека едни тврдат дека не постои никаква разлика меѓу вистинската и сајбер дрогата, други пак тврдат дека не почувствувале ништо.

Сепак има и такви тврдења дека по консумацијата на сајбер дрогата добиле главоболка, срцето забрзано им работело и добиле нагони за повраќање.

Овој тренд е релативно нов, но благодарение на интернетот, популарноста му расте неверојатно брзо. Сајбер дрогата веќе е достапна во mp3 формат, па може да се консумира било каде и во било кое време. Иако на I- Doser тврдат дека програмите се изработени од експерти и оти се темелат на научни поставки и се потполно сигурни, долгорочните ефекти од сајбер дрогата за сега се непознати.


Наjновo од Футурама
Ментално управување со игри
Нов тренд - Интернет дрогирање
„Мајкрософт“ и „Јаху“ повторно во игра
Ласер за пронаоѓање на далечни планети
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
Астронаутите на ISS може да заглават во Кибо
Како да блокирате веб страни
Viacom го тужи YouTube
Прва Logitech веб-камера за Mac
Исчистете го регистарот
Растат акциите на Yahoo и Microsoft
Слики наместо сложени лозинки
„иБеј“ ќе плати отштета од 38,8 милиони евра
Пет cool работи за Vista
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи