среда, 09.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Интернет & IT

Facebook генерација заситена од реалноста

Со користењето на Facebook и другите мрежи за социјализација, можеби се создава генерација на деца кои тешко остваруваат долгогодишни пријателства и на кои реалниот живот им е досаден, предупредуваат докторите. Брзото темпо на онлајн светот, прави младите да немаат допир со реалноста.

На годишната конференција на психијатрите од Royal College, се заклучи дека оние деца родени после1990 година, растат во свет каде доминираат онлајн мрежите како што се Facebook, MySpace и Hi5.

"Оваа возрасна група е ризична за самоубиства, поради фактот што сите користат интернет како начин на комуникација и остварување на контакти. Тоа е свет каде нештата брзо се менуваат, врските се воспоставуваат со само еден допир на екранот, можете да го избришете вашиот профил ако не ви се допаѓа и да создадете идентитет кој не е реален и не ја дава правата слика за вас,"-вели Др. Химаншу Туаги од West London Mental Health NHS Trust.

На луѓето кои се навикнати на онлајн социјализација, реалниот живот им е досаден и нестимулирачки, што води до поекстремно однесување. Постои можност за младите луѓе кои немаат животно искуство, освен она на интернет, да придаваат помала важност на нивниот идентитет, што може да ги изложи на ризик во нивниот вистински живот. Тие стануваат поранливи или пак нивното однесување е импулсивно, кое може да ги поттикне на самоубиство.

Овие податоци, дефинитивно отвораат нови дискусии и понатамошни истражувања.

"Оние кои се навикнати на краткорочната природа на онлајн врските, можат да имаат потешкотии во остварувањето на долги познанства подалеку од компјутерот. Онлајн мрежите може да создадат нереална перцепција, состојба на мечтаење или поврзување со други луѓе кои не ги знаете физички, нешто што ретко се случува во реалниот живот," велат истражувачите.

Новата генерација која расте покрај интернетот, има сосема поинакво сфаќање за пријателствата и врските, што сосема се разликува од она кое постоело пред појавата на интернетот.

Овој нов начин на остварување контакти, уште ќе се усовршува и понатаму ќе биде дел од секојдневниот живот, што укажува дека е неизбежно да се превземе нешто во врска со начинот на кој младите живеат. (Т.Ј)


Наjновo од Футурама
Facebook генерација заситена од реалноста
Nokia Supernova серија
Како да го деблокирате оперативниот систем
Ментално управување со игри
Нов тренд - Интернет дрогирање
„Мајкрософт“ и „Јаху“ повторно во игра
Ласер за пронаоѓање на далечни планети
Како да блокирате веб страни
Viacom го тужи YouTube
Прва Logitech веб-камера за Mac
Исчистете го регистарот
Растат акциите на Yahoo и Microsoft
Слики наместо сложени лозинки
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи