
|
 |
Футурама / Интернет & IT
|
|
Google создаде 3D виртуелен свет
Google се втурна во виртуелниот свет лансирајќи алтернативен reality вебсајт сличен на „Second Life“.
Plug-in сервисот, наречен „Lively“,им овозможува на корисниците да креираат онлајн карактери, познати како avatar-и, кои ќе можат да се движат низ најразлични простори, почнувајќи од дневни соби, па се до егзотични острови.
 Корисниците исто така можат да креираат приватни соби и да ги декорираат со најразличен мебел, вклучувајќи и виртуелни рамки за слики во кои се наоѓаат дигитални фотографии, како и големи телевизори на кои ќе може да се гледаат различни клипови од YouTube.com. Корисниците на сервисот исто така ќе можат да аплоудуваат сопствена музика, на која ќе можат да играат.
Корисниците на „Lively“ сервисот, кои мора да се постари од 13 години, можат во својот виртуелен свет да ги вклучат своите пријатели и членови на семејството, и таму да муабетат, да се гушкаат и да се дружат, како да се дел од некоја видео игра.
 „Според нашите истражувања голем е бројот на луѓето кои голем дел од своето време го минуваат во онлајн дружење. Ние сакавме на тоа дружење да им даде уште поголемо уживање. Истражувањето покажа дека луѓето повеќе уживаат кога ќе бидат прегрнати од анимација, отколку тоа да го добијат во форма на текст“, вели Ниниане Венг, Google инженеринг менаџер.
Сајтот Second Life наскоро би можел да добие силна конкуренција, и тоа од оваа нова услуга на Google, наречена Lively.
Засега не може да се зборува за конкуренција бидејќи Lively во обликот во кој е претставен служи само како продолжена верзија на услугата GoogleTalk и за неа не е потребно на компјутерот да се инсталира посебна апликација за да се пристапи кон услугата.
 „Lively“ засега ги нема сите можности кои ги нуди играта Second Life, но Google постави одлични темели, кои според многумина, е само уште еден доказ дека со „Lively“, Google ќе создаде еден цел нов виртуелен свет.
За да се користи оваа услуга потребно е да се инсталира мал софтверски додаток во браузерот. По неговото инсталирање веднаш во се отвора светот на „Lively“. Апликацијата веќе функционира на Facebook, а Google веќе работи на верзија која ќе биде соодветна за „My Space“.
Слабоста на „„Lively“ е тоа што функционира само на Windows оперативниот систем и на браузерите IE и Firefox, но од Google најавија дека веќе работат на верзија за MacOS X.
Мало предупредување за корисниците на Интернет кои плаќаат според остварен сообраќај, апликацијата „Lively“, троши многу, така не чудете се доколку се навлечете на услугата, а ви порасне и количината на остварениот интернет сообраќај.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|