
|
 |
Футурама / Интернет & IT
|
|
Колку струја ви троши компјутерот?
Колку вашиот компјутер троши струја? Ќе дознаете доколку ја посетите страницата www.thermaltake.outervision.com/ и ги внесете видот на компонентите вградени во компјутерот. По внесувањето апликацијата ќе је пресмета потрошувачка на вашиот компјутер.

Принципот на пресметување е многу едноставен. Се внесува видот на процесорот (обичен, dual или quad core), матична плоча, ознаката на процесорот (Athlon или Intel), дали процесорот е overclocked или не е, количината и бројот на RAM меморијата, видот на графичката карта, бројот на хард дискови со соодветните ознаки за обрти, бројот на оптичките уреди (CD и DVD ROM), како и видот на дополнителните уреди (модем, звучна карта, USB уреди, дополнителни кулери,) и на крај апликацијата со помош на математички операции ја пресметува предвидената потрошувачка.
Добиениот резултат може да ви послужи и во пресметката при склопување на новиот компјутер.
Доказ дека пресметката е корисна е и фактот што честопати продавачите ги прашуваме дали напојувањето ќе ги издржи сите компоненти, сега тоа можеме сами да го пресметаме.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|