
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Сигурно чување на важни електронски податоци
Американската информатичка компанија „Хјулит-Пакард“ најави лансирање на нов систем кој ќе формира резервни копии на податоците т.н. бекап, со помош на технологија за двојно зачувување со што се зголемува искористеноста на компјутерите и до 50 пати.
Во соопштението на „Хјулит-Пакард“ се наведува дека новата технологија овозможува решенијата да бидат прилагодени на потребите на корисниците, да се намалат трошоците за зачувување и да се осигураат најважните деловни податоци.
Со овој систем исто така се елиминираат вишокот податоци во компјутерите со што се обезбедува поголем простор на хард-дисковите, се намалува ангажираноста на просторот во компјутерите и се намалува потрошувачката на струја.
„Хјулит-Пакард“ предлага два системи од ваков тип согласно потребите на корисниците - за мали и средни претпријатија компанијата го изработи системот „СториџВоркс Д2Д“, додека за поголемите деловни организации се нуди системот „СториџВоркс Врчуал лајбрери“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|