
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Наскоро alpha Firefox 3.1
Не помина многу време откако Mozilla го издаде Firefox 3.0, а веќе ги најави и датумите за излегување на новата верзија на овој браузер.
Алфа верзијата на Firefox 3.1 треба да се појави во текот на месецов, додека конечната верзија корисниците ќе можат да ја очекуваат кон крајот на оваа или кон почетокот на следната година.
После алфа верзијата, првата бета верзија која ќе им биде достапна на сите корисници може да се очекува уште следниот месец. Ова брзо доаѓање на новата верзија на Огнената лисица и се очекуваше, со оглед на тоа што за време на издавањето на Firefox 3, од Mozilla најавија дека наскоро ќе издадат надградба за истата верзија. Надградбата, според најавите, ќе ги содржи сите опции кои претходно не успеале да ги вметнат во првата верзија.
Според информациите од Mozilla од појавувањето на Firefox 3.0 до сега софтверот е даунлодиран речиси 22 милиони пати.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|