Футурама / Интернет & IT
Додека Интернетот не не раздели
Кога сте во врска и кога сте среќни, најмалку што ви треба се интернет страниците кои проценуваат колку вашата врска ќе трае. Сепак на некои парови тоа им е особено интересно, па затоа веројатно опстојува и сатот Wedding Betting.

Wedding Betting е страница на која среќните двојки поставаат свои слики, а посетителите на страната гласаат дали двојката ќе издржи една, пет, осум, 15 години или пак ќе останат среќни заедно за секогаш.
Се разбира, ваквите предвидувања не треба да се сфатат сериозно, но кога ќе видите дека повеќето кои ја виделе вашата фотографија гласале дека ќе издржите само една година, сигурно дека ќе се подзамислите, зарем не?
Доколку се одлучите да си ја пробате среќата, тогаш спремете се и за неочекуваните последици.
(Д.Т)
|