
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Нов МП3 вирус
Се појави нов вирус кој им се заканува на корисниците на Windows кои симнуваат музика преку peer-to-peer мрежа. Во Kaspersky Lab вирусот го нарекоа „Worm.Win32.GetCodec.a.“.
Овој вирус вметнува линкови кон малициозни интернет страници во Advanced Systems Format (ASF) медиа датотеката.
При репродукција на заразената датотека, во Internet Explorer се отвора страница со малициозна содржина која бара да се даунлодира кодек, за да може датотеката да се отвори. Се разбира дека не станува збор за кодек, туку за тојанец, кој инсталира proxy програм на компјутерот, преку кој хакерите можат да го пренасочат сообраќајот на заразениот компјутер и на тој начин да ги прикрива своите малициозни активности.
Вирусот исто така ги бара другите MP3 датотеки, ги префрла во WMA формат и во нив додава линкови кои би можеле понатаму да го шират malware-от. Интересно е тоа што при префрлање во WMA формат, не настанува промена на .mp3 екстензијата, па така корисниците не можат да ги забележат промените.
Kaspersky апелираат сите корисници на P2P мрежата да бидат особено внимателни, кога им се појавуваат pop-up за време да репродукција на датотеките.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|