
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Најстариот примерок на Библијата достапeн на Интернет
Една од најстарите копии на Библијата напишана на телешка кожа, која датира од 4 век го фати чекорот со дигиталната ера. Светата книга, која во 19 век е пронајдена во Египет од неделава за првпат ќе може да се чита онлајн.
Од Универзитетот во Лајпциг соопштија дека над 100 страници од Codex Sinaiticus, кој го содржи најстариот примерок на Новиот Завет од четврток ќе биде достапен и на Интернет.
Фотографиите со висока резолуција, на кои ќе бидат прикажани Евангелието по Марко, Стариот завет, како и оригиналните коментари на текстот ќе бидат достапни на сајтот www.codex-sinaiticus.net.
Улрих Јоханес Шнајдер, директор на универзитетската библиотека во Лајпциг вели дека публикацијата ќе овозможи сите да го проучуваат делото кое е од огромна важност за христијанството.
„Ракописот ќе се најде на Интернет, нешто што досега никогаш не е направено. Ова претставува збогатување на виртуелниот свет“, изјави Шнајдер.
Сите посетители, кои не го владеат грчкиот јазик, ќе имаат можност скапоцениот ракопис да го читаат на англиски и германски.
„Codex Sinaiticus“ е една од двете најстари копии на целата Библија. Другата копија е наречена Codex Vaticanus.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|