недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

MySpace се приклучи кон OpenID платформата

Членовите на „MySpace“ наскоро ќе можат  да го користат своето корисничко име од порталот за  влез на други сајтови.

Гигантската мрежа за „дружење“, која има над 100 милиони членови, се приклучи кон OpenID платформата која има за цел да го олесни користењето на онлајн идентитетите меѓу различни сајтови. Уште попросто кажано, OpenID платформата им овозможува на интернет корисниците да го избегнат задолжителното здодевно пополнување на лични податоци за регистрирање на секој нов сајт. Сега доколку веќе сте член на некој од сајтовите кои веќе се дел од OpenID платформата, се што треба да направите е да го искористите тоа корисничко име и лозинка за да се најавите. Со ова, корисниците веќе не мора да се мачат да ги помнат корисничките имиња и лозинки за сите сајтови. Доволно ви е само едно корисничко име за да „шетате“ низ OpenID сајтовите.

Единствен проблем е тоа што MySpace при зачленување не бара e-mail верификација, поради што не се исклучува можноста голем дел од профилите на порталот да се нелегитимни.

Досега кон OpenID платформата се приклучени речиси 8.000 сајтови, вклучувајќи ги Yahoo (најголемиот според бројот на членови), AOL, Blogger, Flickr, Plaxo, Wetpaint, Technorati, и LiveJournal. Но, MySpace е вториот најголем сајт кој ќе се приклучи кон оваа мрежа на податоци, со што бројот на OpenID профили ќе се искачи на речиси половина милијарда.

Сепак „MySpace“, засега нема да им дозволи на своите членови да ги користат своите профили и информации на било кој сајт кој е дел од OpenID платформата. Провајдерот постави рестрикции за тоа каде профилите ќе можат да се користат. MySpace корисничките имиња ќе може да се користат само на сајтовите кои спаѓаат во групата на „поверливи“ сајтови – односно страници кои прифаќаат профили од други сајтови, а притоа не создаваат свое членство со посебни профили. Во оваа група на поверливи сајтови спаѓа и Plaxo. Ова значи дека MySpace нема да дозволи користење на своите, ниту пак ќе прифаќа OpenID профили од други провајдери.

Сепак, членките на OpenID платформата соопштија дека во иднина ќе се направи измена на оваа сегашна политика и со тоа ќе се овозможи корисниците да го извлечат максимумот од OpenID.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
USB 3.0 - 10 пати побрз
„Светиот грал“ за Facebook зависниците
Википедија на македонски јазик со над 20.000 статии
Allio - HDTV и компјутер
Гејмерски лаптоп од Alienware
Алатка за следење на епидемијата на грип
Google нуди нов сервис - Video and Voice
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи