
|
 |
Футурама / Интернет & IT
|
|
Кина е светски лидер во интернет корисници
Кина е на прво место во светот според бројот на интернет корисници, објави денеска кинескиот весник “Чајна Дејли“.
Секојдневно во Кина 253 милиони луѓе редовно влегуваат во глобалната мрежа. На второ се САД со 218 милиони интернет корисници. Во однос на процент на користење интернет спрема бројот на жители, Кина сепак не е лидер во светот, бидејќи само 19% од населението влегува во глобалната мрежа.
Спрема процентуалниот показател светски лидер е Исланд (85%), потоа следи САД (72%), а трета земја е Јужна Кореа (71%).
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|