понеделник, 28.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Компјутерски вирус „супер тројанец“

Банките и други финансиски институции во Велика Британија се предупредени за појавата на Интернет на новиот „супер вирус“, создаден да краде банкарски податоци во огромни износи, се наведува во он-лајн изданието на весникот „Скотсман“.

Сајбер криминалците во Интернет мрежата го пуштиле таканаречениот „Тројанец Лимбо 2“, кој според експертите е специјално разработен да се закачува на финансиските веб сајтови, за да предизвикува максимални штети. 

Претставник на компанијата „Куорум нетворк рисорсис“ во Единбург предупреди дека треба да се преземат сите можни мерки за претпазливост независно од тоа дали вирусот ќе ги исполни очекувањата на своите креатори. Тој ги советува финансиските организации итно да ги осовременат своите заштитни софтверски програми.

Хакерите биле толку уверени дека тројанецот може да навлезе во секој систем за безбедност, без притоа да биде откриен, што тие меѓу себе си го разменувале и продавале за 1.300 долари. 

Се смета дека навлегувањето на новиот вирус во компјутерските системи една голема компанија може да ја чини до три милиони фунти, само за поправки на штетите. 

-Дури да биде препознаен од антивируснати програма, тој може така да се промени што по неколку часа повторно станува невидлив, посочува директорот на оваа компанија.


Наjновo од Футурама
Gresso Diamonds - луксузни мобилни
Вински мушички незаинтересирани за секс
Компјутерски вирус „супер тројанец“
Откриен диносаурус стар 70 милиони години
Најјакото природно лепило
Кина е светски лидер во интернет корисници
Тајната за поларната светлина
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
Logitech Wii тастатурата
Најстариот примерок на Библијата достапeн на Интернет
Нов МП3 вирус
Facebook со нов дизајн
Збогум за маусите
Наскоро alpha Firefox 3.1
Додека Интернетот не не раздели
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи