четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Праќајте пораки до вонземјаните

Отворете си Bebo профил доколку сте заинтересирани да испратите порака во вселената. Проектот наречен "A Message From Earth," им овозможува на корисниците да напишат некоја текстуална или порака со слики, кои со помош на вселенски радио телескоп, на 9-ти октомври ќе се пренесат во вселената.

Од испратените пораки во периодот од 4-ти август до 30-ти септември, корисниците ќе имаат можност да гласаат и да изберат 500 од нив кои ќе бидат пратени во вселената. Овие пораки се очекува дека ќе стигнат до неодамна откриената нова планета, до 2029 година. Тие ќе бидат пратени преку телескоп на Руската Национална Вселенска Агенција во Украина.

Александар Заитсев, научник од Научниот Институт за Радио инженеринг и електроника во Руската Академија, вели дека таргетираната планета, наречена Gliese 581c, е прва откриена планета во зоната каде  температурата е поволна за да има вода на површината, што потенцијално може да подржува некакви форми на живот.

Шансите дека таму има живот во интелигентна форма и цивилизација слична на онаа кај луѓето, се многу мали.

Дали постои живот на друго место во универзумот е една од најголемите мистерии во последните неколку години. Научниците направија бројни откритија кои укажуваат на тоа дека не сме единствените во вселената.

Заитсев смета дека ќе биде интересно да се види мислењето на младите луѓе и тоа што сакаат да им кажат со своите пораки на другите жители на вселената, доколку постојат такви.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
Микроскопски микроскоп
Праќајте пораки до вонземјаните
Ракетен ранец за секојдневна употреба
На што се должи мрзливоста
Aстероидот Апофис и се заканува на Земјата
Со магнет против ајкули
Робот со емоции
Нов пребарувач Cuil
Компјутерски вирус „супер тројанец“
Кина е светски лидер во интернет корисници
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
Logitech Wii тастатурата
Најстариот примерок на Библијата достапeн на Интернет
Нов МП3 вирус
Facebook со нов дизајн
Збогум за маусите
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи