среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Препратени мејлови со сексуална содржина

Еден хакер од Шпанија е осуден на две години затвор, бидејќи  провалил стотици приватни мејлови на негов поранешен колега. Овие мејлови, кои биле земени од неговиот компјутер, содржеле детали за неговиот сексуален живот.

Хакерот ги препратил меиловите на бившата жена на менаџерот, на жената со која бил во врска и на поголемиот дел од колегите каде работел. Исто така оваа електронска пошта ја испратил и на сите оние кои го познавале.

Судијата во Барселона, вчера ја донесе одлуката за двегодишна затворска казна за неименуваниот хакер, со обвинение "откривање тајни." Исто така тој треба да плати казна од 3.240 евра, како и 4.000 евра како оштета за жртвата.

Врховниот судија во Шпанија му дозволи на судот, да ги прогонува сите оние кои имаат пристап до информации од лична или семејна природа, кои се наоѓаат во компјутерските системи кои се користат јавно или приватно.

Во конкретниот случај, само 2% од овие мејлови имале информации со приватна содржина. Судијата вели дека за донесување на одлуката, поважен фактор бил начинот на кој е нарушена приватноста на жртвата, отколку содржината на поштата.

Менаџерот од компанијата во Барселона заминал во 2006 година и сметал дека ги избришал сите свои приватни мејлови. Неговиот поранешен колега, не го кажа мотивот за тоа што го направил, ниту пак судот објавил како хакерот успеал да пристапи до мејловите, за кои се сметало дека се избришани.

(T.J)




Наjновo од Футурама
Препратени мејлови со сексуална содржина
Дигиталец со 56 мегапиксели
Анализите на почвата на Марс ги разочараа научниците
Светот без луѓе
Минијатурен проектор од Mint Wireless
Пронајдена најмалата змија на светот
Колку е мал светот
Лаптоп за 10 долари?!
Праќајте пораки до вонземјаните
Нов пребарувач Cuil
Компјутерски вирус „супер тројанец“
Кина е светски лидер во интернет корисници
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
Logitech Wii тастатурата
Најстариот примерок на Библијата достапeн на Интернет
Нов МП3 вирус
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи