
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Откријте ја музиката низ игра
SixtyOne.com е нова музичка заедница преку која многу лесно можете да откриете што ново има на полето на музиката.
 Новата музичка заедница, низ игра и бодување ви овозможува да ги откриете новите бендови, песни и жанрови, а истовремено и бесплатно да преслушувате музика. Бесплатната регистрација на страницата ви овозможува качување на сопствена музика, по што истата ќе можете да им ја препорачате на останатите членови на сајтот.
Со помош на препораките се заработуваат бодови, а бројот на добиените поени зависи од тоа во кој момент препорачувате некоја работа. На пример, ако некој корисник прв препорача одредена песна, а после него истото го направат уште неколку члена, бројот на поените расте. Колку повеќе песната се препорачува толку поголеми се шансите истата да се најде на насловната страна на заедницата, а со тоа да добие и поголема популарност.
Екстра поени може да се добијат доколку постојните членови поканат луѓе да се регистрираат. Со секоја нова регистрација на повикано лице, повикувачот добива дополнителни поени. Во секој случај, ова изгледа како интересен поттик за учество во заедницата.
Како што наведовме, SixtyOne.com овозможува и бесплатно преслушување на музика. На сајтот се наоѓа интегриран плеер кој работи без правење прекини во емитувањето на музиката.
Доколку сакате да откриете нешто нови на полето на музиката и доколку сте се презаситиле од сопствената музичка колекција или пак едноставно сакате да бидете дел од некоја поголема заедница, тогаш овој портал дефинитивно го заслужува вашето внимание.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|