Футурама / Интернет & IT
Електронски читач на книги од Sony
Јапонскиот произведувач на IT опрема Sony, го претстави новиот електронски читач на книги PRS-505. Овој уред својата премиера ја доживеа во САД каде имаше вистински успех. Sony Reader со големина од 6 инча има E-ink дисплеј кој дава резолуција од 600x800 пиксела. Содржината на дисплејот е читлива и при отсјај од сонце.

Читачот доаѓа во неколку верзии, односно има неколку модели чија меморија се движи од 64 до 256 мегапајти, што е доволно за складирање до 160 електронски книги.
Интересно е да се спомене дека Sony заедно со читачот доделува и ЦД со стотина книжевни класици, меѓу кои се и „Книга за џунглата“, „Гордост и предрасуди“, „Алиса во земјата на чудата“ и други.
PRS-505 е особено лесен за носење бидејќи е 260 грама тежок, а тенок е се на се 8 милиметри. Покрај тоа читачот поседува и куќиште отпорно на вода, па така буквите нема да ви се замачкаат или пак страниците нема да ви се залепат доколку ви падне, на пример во базен.
(Д.Т)
|