петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

Нова генерација на ботнет спам филтри

Британската компанија за ИТ безбедност и контрола Sophos објави дека Email Security and Control понудата од сега ќе вклучува и Sender Genotype, нова технолошка генерација на филтрирање, креирана да ги елиминира ботнет спамовите.
За разлика од традиционалните филтрирања, кои се базираат на претходно препознавање на праќачот, Sender Genotype ефикасно го идентификуваат сомнителното однесување на различни IP адреси, автоматски  ги блокира и не дозволува да се поврзат со мејл системот на Sophos корисникот.

Според новите податоци добиени во текот на 2008 година, SophosLabs™ проценува дека ботнет мрежата го шири речиси 90 отсто од спамот на глобално ниво. Проблемот е во тоа што спам ботовите се појавуваат онлајн само неколку минути, колку да ги испратат пораките на различни адреси, а притоа користат динамички доделени IP адреси и низок проток на сообраќај. Ова им овозможува полесно да ги заобиколат традиционалните филтри.

Sophos Sender Genotype го надмина овој проблем со помош на мониторинг на конекцијата и до одбивање на оние кои ќе се утврди дека се ботнет конекции. Дури и ако се нови или непознати IP праќачи (ново-креирани ботови) кој никогаш претходно не праќал пораки, може да бидат блокирани благодарене на најновата технологија на Sophos.

Sender Genotype е бесплатен. Корисниците на Sophos Email уредите и PureMessage for UNIX решенија, оваа нова технологија ќе ја добијат со надградување на софтверот.


Наjновo од Футурама
Нова генерација на ботнет спам филтри
Луѓето не се роднини со неандерталците
Откриени мистични камења од неолитот
Пронајдена најврелата вода на Земјата
И од една цигара се станува зависник?!
Модерна чанта на соларна енергија
Електронски читач на книги од Sony
Откријте ја музиката низ игра
Препратени мејлови со сексуална содржина
Лаптоп за 10 долари?!
Праќајте пораки до вонземјаните
Нов пребарувач Cuil
Компјутерски вирус „супер тројанец“
Кина е светски лидер во интернет корисници
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи