
|
 |
Футурама / Интернет & IT
|
|
102-годишна баба член на Facebook
Прабабата Ајви Бин стана најстариот член на Facebook. Сто и двегодишната Бин, наслушнала дека персоналот во домот за старци зборува за некаква си интернет мрежа за дружење и побарала од нив и неа да ја приклучат.
 „И јас сакам да имам профил“, им рекла старицата која следниот месец ќе наполни 103 години. Оттогаш наваму, Бин со своите пријатели и семејство комуницира на Facebook.
Негувателките од домот и отвориле и посебна група, „Oldest person on Facebook“, каде Ајви Бин објавува вести и видео содржини кои се однесуваат на неа.
Ајви, која е наглува, но се уште со бистар ум вели дека ужива во нејзиното ново хоби. „Слушав за Facebook и сакав да видам што е тоа. Многу сакам да сум онлајн, уживам во пишувањето, ова е 100 пати подобро отколку пишување со пенкало“, вели Ајви.
Ајви и го презеде приматот на 97-годишната Французинка за која се веруваше дека е најстариот член на мрежата.
„Секојдневно расте бројот на членовите на Facebook. Но јас со моите 102 години имам многу нешта што сакам да ги кажам и да ги ставам на Facebook. Во моментов имам само девет пријатели, но се надевам дека нивниот број ќе порасне“, вели Ајви, која додава дека следната нејзина авантура ќе биде играње на Nintendo Wii.
Ајви е мајка на 60-годишната Сандра, баба на 33-годишниот Ендру и 29-годишниот Герет и прабаба на деветгодишната Никол, седумгодишната Клои и двегодишниот Сем.
Оваа приказна веројатно е уште еден доказ за популарноста на мрежата за онлајн дружба Facebook, кој успеа да го победи и „MySpace“.
Над 132 милиони луѓе го посетиле Facebook во текот на месец јуни, што е за 15 милиони повеќе од бројот на посетителите на „MySpace“.
Експертите од „ComScore“ сметаат дека успехот на новиот крал на Интернет дружбата се должи на „приближувањето до корисниците преку интернационализацијата“. Сајтот од неодамна на корисниците им понуди верзии кои не се на англиски, туку на други светски јазици, што дополнително влијаеше на неговата популарност.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|