Футурама / Интернет & IT
„Prison Break“ и во светот на игрите

Мислите дека сте способни да побегнете од затвор? Ако е така, тогаш наскоро ќе можете да му се придружите на Мајкл Скофилд и на останатата дружина во играта базирана на популарната серија „Prison Break“.
Новата игра, наменета за Xbox 360 и PlayStation 3 ги опфаќа случувањата и од третата сезона на познатата серија.
Играта „ Prison Break“, која треба да се појави во февруари следната година, е дело на компанијата „Brash Entertainment“, која својот потпис го стави зад познатите игри „Jumper“, „Alvin“ and the Chipmunks“ и „Space Chimps“.
„Prison Break“ ја раскажува приказната за градежниот инженер кој намерно оди в затвор за да му помогне на својот брат кој е осуден на смртна казна.
|