
|
 |
Футурама / Интернет & IT
Зголемен сообраќај и брзини на MaxADSL пакетите по иста цена
Македонски Телеком АД-Скопје воведува MaxADSL новитети. Почнувајќи од 1 септември 2008 година се зголемува месечниот сообраќај кај сите MaxADSL пакети, како за постоечките, така и за новите корисници на MaxADSL услугата.
Освен зголемувањето на сообраќајот, во текот на месец септември корисниците ќе имаат можност и да уживаат во продобивките од неколкукратното зголемување на брзините кое најпрво ќе го почувствуваат новите корисници, а до крајот на месецот и постојните MaxADSL корисници, и сето тоа по исти непроменети цени.
Зголемувањето на брзините и на месечниот сообраќај по истата цена важи за приватните и за деловните корисници на MaxADSL пакетите.
Со новините кај Интернетот за приватните корисници, постојниот MaxADSL 2 пакет станува MaxADSL 10, а досегашната брзина од 1536/256 Kbps се зголемува на 4096/768 Kbps. Пакетот MaxADSL 10 се модифицира во MaxADSL 25, а брзината од 3072/512 Kbps се зголемува на 5120/768 Kbps.
Неколкукратно зголемување на брзините и на месечниот сообраќај, почнувајќи од септември добиваат и деловните корисници. Така, MaxADSL Pro 10 се модифицира во MaxADSL Pro 25, а досегашната брзина од 3072/768 Kbps се зголемува на 5120/1024 Kbps. MaxADSL Pro 40 пакетот станува MaxADSL Pro 50, а брзината од 4096/768 Kbps се зголемува на 6144/1024 Kbps. Пакетот MaxADSL Pro 100 се модифицира во MaxADSL Pro Flat, со што месечниот Интeрнет сообраќај станува неограничен, а брзината се зголемува од 6144/768 Kbps на 8192/1024 Kbps.
За повеќе информации за MaxADSL новитетите кликнете на www.telekom.mk.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|