Компјутерско одредување на староста
Американските научници од универзитетот во Илиноис изработиле компјутерски програм која ќе може да ја одреди староста на човекот врз основа на изгледот на неговото лице.

Истиот програм може автоматски да им го ограничи пристапот на малолетниците до цигари и алкохол, како и на веб сајтови за „возрасни“.
Научниците велат дека утврдувањето на староста на луѓето е особено сложен процес бидејќи зависи од повеќе елементи, вклучувајќи ги генетските особености, здравствената состојба и условите за живот.

И покрај овие ограничувања на човековото лице, можат да се најдат многу податоци кои упатуваат на заклучокот за староста на лицето кое е предмет на истражување.
„Новиот програм може да ја одреди староста на лицата на возраст од 1 до 93 години“, изјави Томас Хванг, предводник на научниот проект.
Хванг вели дека новиот компјутерски програм е особено прецизен при одредување на староста. Изразено во проценти, Хванг, вели дека во над 80 отсто од случаите програмот дава точни податоци за староста на лицата.
 Авторите на програмот сметаат дека нивниот софтверски изум ќе биде особено корисен за спречување на малолетниците да купуваат цигари и алкохол од автомати, каде досега не можеше да се провери староста на купувачот. Програмерите сметаат дека програмот исто така може да се примени и при собирање на информации за навиките на купувачите, особено кога станува збор за најважните прехранбени производи (хамбургер, јогурт и слично).
Научниците тврдат дека новиот програм во ниту еден случај не ја нарушува приватноста на луѓето.
|