недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Интернет & IT

IE и Firefox го губат пазарот?!

Иако на пазарот на интернет пребарувачи сè уште нема напната борба, Internet Explorer-от на Microsoft и понатаму е неприкосновен владар. Но, работите во оваа индустрија значително се менуваат.

Експертите од компанијата Net Applications, поточно одделот кој се занимава со утврдување на уделот на одредениот производ или услуга на пазарот, секој месец известува за промените кои се случуваат. Изминатиот месец забележан е тренд на опаѓање на уделот на Internet Explorer, но исто така и на Firefox.


Според податоците на Net Applications за септември, Internet Explorer изгубил екстра 0,63 отсто од уделот во споредба со месец август. Сепак и покрај ваквиот тренд пребарувачот на Microsoft и понатаму е на првото место со 71,52 отсто од уделот. На второто место се наоѓа Firefox кој држи 19,46 отсто од пазарот, но исто и овој пребарувач забележа пад во споредба со месец август и тоа за 0,22 отсто.

Пораст на уделот забележал пребарувачот на Apple, Safari, и тоа за 0,28 отсто. Пребарувачот на Apple и понатаму се наоѓа на третото место на најупотребувани пребарувачи држејќи 6,65 отсто од пазарот. Пораст бележи и Opera и тоа за 0,07 отсто, што беше доволно за со својот удел од 0,69 отсто да се најде на петтото место.


Четвртото место останува резервирано за Google Chrome, кој според податоците на Net Applications држи 0,78 отсто од пазарот, но кој исто така бележи пад и тоа за нешто повеќе од еден отсто.

Од сето ова станува јасно дека и Firefox и Internet Explorer го губат својот удел на пазарот, за сметка на Safari и Opera, кои пак бележат пораст.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
USB 3.0 - 10 пати побрз
„Светиот грал“ за Facebook зависниците
Википедија на македонски јазик со над 20.000 статии
Allio - HDTV и компјутер
Гејмерски лаптоп од Alienware
Алатка за следење на епидемијата на грип
Google нуди нов сервис - Video and Voice
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи