Јупитер глушец
„The Jupiter Mouse“ е интересно дизајнерско решение на компанијата Actbrise Electronics, поинаков концепт од она што го нудат „обичните“ глувци.

Овој, целосно дрвен глушец има четири копчиња, а без разлика што изгледа како топка не треба да стравувате дека ќе ви се истркала од масата.
Глушецот се разбира дека функционира со помош на движење. Се што треба да направите е да го свртите глушецот во насоката која ја сакате и курсорот на мониторот ќе се придвижи во таа насока.
Цената на овој специфичен глушец е малку посолена, 230 американски долари, но секој новитет на пазарот без разлика колку чудно и да изгледа секогаш, барем на почетокот има висока цена.
|