петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Интернет & IT

Wikipedia претворена во книга

Wikipedia, енциклопедија која ја пишуваат волонтери, вредно додавајќи информации на нејзината интернет страница, излезе од печат во вид на книга со 5.000 страници.

Онлајн збирката содржи 437 текстови, а нејзин автор е Роб Метјус, студент по графички дизајн од Сусекс. Доколку застанете до книгата поставена на под, тогаш нејзината горна корица ќе се најде во висина на вашето колено.

Натписите во Wikipedia од 2001 година може да ги уредува секој корисник на интернет страницата, а во моментов е една од најпопуларните места на интернет за сите оние на кои им треба генерални информации за луѓе, појави и настани.

Креирањето на книгата траело две недели.

- Ја  споредувам интернет Wikipedia со традиционалните енциклопедии, но сепак ги ставам во ист формат. Сакав да ја претставам сегашната ситуација кога секој на кому му треба некаква информација оди на интернет и таму ја бара. Сепак, интернетот во споредба со енциклопедиите е многу недоверлив извор, вели Роб Мерјус.

Селекцијата на натписите 22-годишниот Англичанец ја вршел особено внимателно, трудејќи се во книгата да го понуди тоа што е најинтересно на сајтот.

- Текстовите се она што е најдобро на Wikipedia, а избрани се според квалитетот, неутралноста, точноста, комплетноста и стилот на пишување, вели Метјус, кој се надева дека неговата книга ќе може да ја пушти во продажба.

Реакциите кои Метјус ги доби за подготвувањето на книгата биле одлични, вели тој, и се надева дека тоа ќе се случи и со крајниот производ и продажбата.




Наjновo од Футурама
Ужасни Photoshop грешки - прв дел фото галерија
Езеро во Аргентина ја крие тајната на животот во вселената?
Пакет за македонски јазичен интерфејс за Windows 7
Прв 3D фотоапарат кој снима и 3D видео записи  видео
MySpаce ќе се интегрира со Facebook
Иднината пристигна: Фустан и мобилен во едно
Gmail Priority Inbox ги сортира мејловите за вас видео
Тастатура која го претвора iPad во лаптоп
Facebook не работи, корисниците во паникa
AMD го гаси својот бренд ATI
Google го подобрува пребарувањето во друштвените мрежи
Apple претставува ново чудо од компјутер
Првиот ден еден милион повици преку Gmail?!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи