петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Футурама / Интернет & IT

Како до подобра безжична мрежа

Постојаниот прекин на врската, слабиот сигнал и пренос на податоци се значи за лоша покриеност на wireless мрежата. Во прилог ви нудиме неколку начини како да го подобрите сигналот на безжичната мрежа.


Поставете го безжичниот рутер или access point централно

Тоа значи дека треба да внимавате кои уреди ќе се најдат во близина на направата односно во средиштето на куќата или станот. На овој начин се обезбедува подеднаква покриеност на целиот простор, без поголеми осцилации на сигналот.

Рутерот подигнете го од подот и оддалечете го од ѕидовите и металните предмети

Ѕидовите, металниот мебел, подот и слично го попречуваат безжичниот сигнал. Колку повеќе уредот е поблизу до ѕидот или до подот толку повеќе сигналот е по груб.



Замена на антената на рутерот

Антените кои што се добиваат со уредите вообичаено се омни дирекционални ( испуштаат сигнал во секој правец). Ако рутерот се наоѓа во близина на ѕид, поголемиот дел од сигналот ќе се емитува надвор од станот или куќата и ќе може да биде користен единствено од соседите. Поголемиот број на рутери не дозволуваат засилување на енергијата за добивање на посилен сигнал но со вградувањето на антена сигналот може да се фокусира на една насока.

Замена на безжичниот адаптер на компјутерот

Ако рутерот испраќа доволно силен сигнал кој допира до компјутерот, можеби вградениот адаптер нема доволно сила да го врати сигналот до рутерот. Наједноставно е да купите нов безжичен USB адаптер, по можност да има можност за спојување на дополнителна надворешна антена.



Промена на безжичниот канал

Безжичниот рутер може да функционира на повеќе фреквенции исто како и радиото. На рутерот постои можност за промена на фреквенцијата и компјутерот автоматски може да ја детектира настаната промена, а со тоа и да се подобри сигналот.

Редовно надградување на firmware

Иако веројатноста дека надградбата на управувачките програми ќе придонесе за подобрување на сигналот е помалку веројатна, сепак може да го подобри квалитетот на работата на безжичниот адаптер и да отстрани некои проблеми.


Опрема од истиот производител

И покрај тоа што вообичаено опремата е стандардизирана, производителите во своите серии понекогаш вградуваат разни елементи за подобрување на сигналот. Таквата опрема е компатибилна помеѓу себе и за користење на тие можности треба да се купуваат компоненти од ист производител.




Наjновo од Футурама
Ужасни Photoshop грешки - прв дел фото галерија
Езеро во Аргентина ја крие тајната на животот во вселената?
Пакет за македонски јазичен интерфејс за Windows 7
Прв 3D фотоапарат кој снима и 3D видео записи  видео
MySpаce ќе се интегрира со Facebook
Иднината пристигна: Фустан и мобилен во едно
Gmail Priority Inbox ги сортира мејловите за вас видео
Тастатура која го претвора iPad во лаптоп
Facebook не работи, корисниците во паникa
AMD го гаси својот бренд ATI
Google го подобрува пребарувањето во друштвените мрежи
Apple претставува ново чудо од компјутер
Првиот ден еден милион повици преку Gmail?!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи