Новиот Facebook (не)пријатно изненадување
Facebook со новиот редизајн ги изненади и ги подели корисниците. Додека едни ги поздравуваат новитетите, други благо речено ги оспоруваат.

На денот на својот шести роденден Faceboook осамна во ново руво. Откако поминаа неколку денови и повеќето од корисниците ги добија новите промени, почнаа да стигнуваат и првите коментари. Она што паѓа прво во очи е редизајнот на насловната страна и новите решенија кои ги понудија сопствениците на најпопуларниот сајт за дружење.
Полето за пребарување е зголемено и преместено, а судејќи по коментарите на форумите, тоа најмногу ги иритирало корисниците.
Најголемите промени се наоѓаат на левото мени, каде сега се наоѓаат линковите кои водат до сите новости и лични податоци, потоа линкот за листање и пребарување на апликации, игри и групи.

На левата страна се наоѓаат и листата на пријатели кои се онлајн, побарувањата за пријателства, пораките, известувањата..
Сепак, без разлика дали ви се допаѓа редизајнираниот на Facebook или не, морате да се навикнете или пак да го избришете профилот.
|