Футурама / Наука
Заморот поврзан со месечарство

Лицата кои имаат проблеми со спиењето се склони кон одење во сон, сугерираат канадските истражувачи од Универзитетот во Монтреал. Резултатите објавени во стручниот магазин „Annals of Neurology“ се темелат на константно следење на 40 испитаници во различни фази од спиењето и будноста. Се проценува дека одењето во сон или сомнамбулизам, кои е поврзано со агресивно однесување и склоност кон повреди е забележува кај четири отсто од глобалното население. Кај лицата кои се склони на такво однесување се покажало дека епизодите на одење во сон се приближно три пати почести во текот на фазата на длабок сон, која следи после продолжен период на будност. Исто така е утврдено дека нарушениот сон ги зголемува изгледите за потешкотии при премин од фазата на длабок сон во другата фаза од сонот. Длабокиот сон се карактеризира со намалена електрична активност на мозокот, а се верува дека е клучен за способноста за учење, размислување и помнење. Порано се верувало дека одењето во сон е проблем кој најчесто се јавува кај децата, додека новите податоци сугерираат дека од него честопати страдаат и возрасните лица. (Д.Т)
|