недела, 06.04.2008

  IDIVIDI Мени
Футурама / Наука

Времето може да се предвиди само со размена на податоци

Голем чекор во оваа насока допринесува Светската организација за метеорологија, која ширум светот собира и анализира информации за времето, кои им помагаат на научниците и метеоролозите да предвидат климатски катастрофи

Како настануваат торнадата? Која е причината што некои предели на земјината полутопка се постојано изложени на временски непогоди? Како да се спречат климатските промени? За да можат научниците да дадат одговор на овие прашања потребни им се голем број податоци и информации. Организацијата на ОН за метеорологија ја извршува токму оваа задача. Под мотото „Да се набљудува планетата за подобра иднина„ агенцијата сака да го сврти вниманието на можноста за меѓународно собирање и размена на податоци за времето и климата.

„Времето игра голема улога во многу социо-економски области како транспортот, енергијата, земјоделството и морепловството. Спектарот е огромен, речиси секоја социо-економска област е погодена од временските услови.

Времето игра важна улога во животот на луѓето

Кога зборува генералниот секретар на Светската организација за метеорологија Мајкл Џерад веднаш станува јасно дека темата време е многу подалекусежна, отколку изјавите „Колку убаво време имаме денес„ или „Би можело малку и да заврне„.

На земјоделците, морнарите, архитектите и економите им се потребни сите можни информации во врска со времето. За таа цел уште во 1873 год. била формирана меѓународната организација за метеорологија. Денес во неа членуваат сите 188 земји од светот. Тие активно учествуваат во собирањето на податоци за воздушниот притисок, температурата, концентарцијата на штетните издувни гасови, силината на ветрот, количеството паднати врнежи и дожд во светот. Собирањето на ваквите податоци е можно дури и во најодалечените места во светот, вели Доналд Хисман, директор во одделот за обсервација и информирање:

„Апаратот за мерење работи со помош на батерија, која по пат на соларна енергија повторно се полни. Тој испраќа редовно податоци преку директна сателитска врска или на повик. На тој начин не ни се потребни поврзувања преку кабел. Од сателитот податоците натаму се испраѓаат во централата, која ги подготвува вестите за времето. „

Податоците за времето се праќаат од најразлични извори

Земјите членки од целиот свет праќаат податоци од вкупно 10.000 метеоролошки станици, 7.300 бродови, 3.000 авиони, 600 метеорлошки балони и 15 сателити. Сателитите се од голема важност за мерењата над океаните, бидејќи таму не може да се постави ниту една станица за мерење.

Меѓутоа, собирањето податоци е една работа, проследувањето на податоците до сите земји членки на организацијата е друга.За таа цел меѓународната организација изгради мрежа ГТС-Глобален телекомуникациски систем. Во оваа мрежа земјите членки ги ставаат нивните податоци, кои на тој начин им се достапни на сите. Така, секоја земја, земајќи ги во предвид податоците со кои располага, може да ги пресмета временските и климатски промени.

Политиката го прави времето

Искрената и коректна размена на податоци не е нешто што се подразбира, бидејќи со податоците за времето се прави политика. Станува збор за пари, одговорност и дефинирање на општо важечките цели, како на пример дебатата за промената на климата. Успешен пример за меѓународна политика за климата беше Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка на земјината топка, вели Лен Бери:

„Организацијата за метеорологија заедно со УНЕП, програмата за животната околина на ОН, презема водечка улога во научните анализи. Тоа беше всушност и основата за конвенцијата за озонската обвивка, која во 1985 година ги обрвза сите нации да го намалат користењето на штетни хемикалии кои ја уништуваат озонаската обвивка. „

Целиот процес траеше десет години додека договореното не помина низ низа протоколи и додатоци на договорената конвеција, па дури потоа државите преземаа конкретни чекори во таа насока. Колку време ќе мине додека се најде ефективен документ што ќе го замени досегашниот од Кјото никој не знае. Но, сите знаат дека времето, водата и климата не се задржуваат на границите меѓу државите. Поради тоа заедничката соработка на земјите останува најголем заповед, нагласува генералниот директор Мајкл Џерид:

„Ниту една земја не може тоа сама да го прави. Меѓународната соработка е неопходна. Токму тоа е и задачата на меѓународната агенцијата за метеорологија.„


Времето може да се предвиди само со размена на податоци
Древните Египќани биле болни и гладни
Прва анализа на човековиот ген
Заморот поврзан со месечарство
Тест против депресија
Колку време постојат сините очи
Нездрава опсесија
Еден ген не држи исправени
Часовник со точност од 200 милиони години
Гените се одговорни за среќата
Удирањето на детето води кон сексуален мазохизам
Детството денес завршува на 11 години
И Мојсеј бил “камен”
Леќи на иднината
„Гласовите во главата се нормални“
Водородот – излез од енергетската криза
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Курс по астрономија
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи