Футурама / Наука
Комарците се поотпорни на инсектицидите

Научниците од индискиот универзитет во Бурдван велат дека комарците кои пренесуваат болести се повеќе стануваат отпорни на синтетичките инсектициди. Но, научниците сугерираат дека бобинките на коровот од типот Solanum villosum, која е многу застапена во Индија би можело да помогне при справувањето со овие комарци. Коровот Solanum villosum, која спаѓа во фамилијата на зрнести растенија веќе одамна е позната во традиционалната индиска, но и во современата медицината, а честопати се користи и како терапевтско средство. Научниците користеле сок и екстракт од бобинките на S. villosum на комарци од типот на Stegomyia aegypti, познати по пренесување на бројни вируси, вклучувајќи ја хеморалгичната и жолтата треска. Истражувачите откриле дека S. villosum е особено ефективен при уништување на ларвите на овој тип на комарци. Иако го нема потенцијалот на хемискиот инсектицид Malathion, авторите на студијата сугерираат дека S. villosum е особено погоден за користење во мочуриштата каде комарците се создаваат. (Д.Т)
|