
|
 |
Футурама / Наука
Германски научник разви специјална лупа за читање на генетското наследство
Денеска ДНК линијата се чита автоматски со специјални машини. Но, и покрај тоа за анализата се потребни се реагенси и илјадници биохемиски реакции. Според научник од Дортмунд може да се стави крај на ваквите испитувања
Да се анализира човековото генетско наследство денес не е веќе никаква уметност, туку прашање на пари. Роботите што ги читаат секвенциите исфрлаат генетски кодови секој час. Но, при обработката тие се прилично груби. Генетскиот материјал со помош на ензимите се сецка на мали парчиња. Овие парчиња од сложувалката потоа се копираат во илјадници примероци кои потоа селективо се испитуваат за да се докаже нивниот вид. Премногу комплицирано, смета Фолкер Декерт. Хемичарот од Дортмунд сака читањето на буквите од ДНК линијата да го направи толку едноставно, како што е скенирањето на кодот на каса во супермаркет:
Во неговата лабораторија на Институтот за аналитички науки, Фолкер Декерт испитува еден процес за мерење што може да го револуционира читањето на генетското наследство.
Просторијата е затемнета, специјални плочи за изолација на ѕидовите ги голтаат сите звуци. „Ова е специјално опремена лабораторија што не пропушта звуци и вибрации од надвор. Мораме да намалиме секаков вид на ефекти што би пречеле, бидејќи секоја ДНК, односно секоја база, треба посебно да ја испитуваме чекор по чекор.“
Лупата ги чита генетските кодови без комплексни биохемии
ДНК линијата е околу 10.000 пати потенка од човечко влакно, поради тоа ова е многу амбициозен процес. Потребна е екстремно силна лупа за да може директно да се чита генетскиот код. „Ова е целиот механизам. Одлучувачки дел овде е микроскопот. Станува збор за инверзен микроскоп, каде пробата се гледата од внатре. Потоа доаѓа пробата која се наоѓа на оваа чинија овде.“
На една маса изолирана од вибрации стои обичен микроскоп. Пробите се капки течност во стакленца каде пливаат синџири на рибонуклеинска киселина. За да се прочита генетската информација на РНК молекулите над нив доаѓа вториот микроскоп со една ултра прецизна игла, кој што од одалеку наликува на кујнска вага.„Пробата се наоѓа точно помеѓу нормалниот микроскоп и така наречениот структурен моќен микроскоп. Тој може да ги испитува пробите до ниво на атоми. Но тоа кај нас не е потребно. Специјалната сонда што ја развивме го појачува светлото. Таа не само што го појачува, туку и го концентрира на одредено место, со што се постигнува многу попрецизно зголемување отколку кај обичните микроскопи.“
Раман-спектроскопија се нарекува комбинацијата на два процеси за мерење
Преку објективот на светлосниот микроскоп ласерското светло паѓа на пробата и ги доведува молекулите на генетското наследство до осцилирање. Иглата на моќниот микроскоп го насочува просторно ласерското светло врз одредени делови на пробата.
Светлото кое што тие пак притоа го рефлектираат кажува какви молекули се. „Секој молекул има специфичен отисок од прст и тоа ние го користиме. И единечните бази на ДНК линијата имаат свои отисоци од прсти - аденинот, цитозинот и другите. Тоа е трикот што го користиме при испитувањето.“
Искуствата што ги стекнавме при мерењето покажуваат дека спектрите се многу слични едни со други. Можеме со сигурност да кажеме дека може да ги разликуваме поединечните бази, вели научникот Фолкер Декерт.
Прилагодувањето на микроскопот за читање на ДНК линии не е принципиелен проблем, вели Декерт. Ни требаат од прилика 5 до 6 години за да развиеме прецизен комерцијален микроскоп. Производителите на микроскопи веќе покажале интерес да помогнат во понатамошниот развој на технологијата.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|